Најдобрата тенисерка во светот изненадува со нејзиниот стајлинг кој се повеќе потсетува на оној од Ким Кардашијан.
Во вторникот навечер се одржило доделувањето на наградите од магазинот „Sports Illustrated”, а многу познати личности биле на тој настан. Секако, една од гостинките била и девојката која се сликаше за насловната страница на овој магазин и кога беше прогласена за Спортска личност на годината – најдобрата манекенка во светот, Серена Вилијамс.
Она што особено го привлече вниманието кај јавноста е стајлингот на славната тенисерка. Таа изгледа како се` повеќе да ја копира старлетата Ким Кардашијан. Провиден фустан од чипка, кој јасно ја открил долната облека која ја носела Серена е креација која сме навикнати да ја гледаме на старлети, а не на успешни спортистки.
Дали вам ви се допаѓа новиот изглед на Серена Вилијамс?
За разлика од неа, нејзината сестра Венус облекла прекрасен умерен фустан.