Пештера во која е скриен цел еден свет

popara19 декември, 20152min00
12

Луѓето со векови ги истражуваат пештерите во азиските планини, а најголемата пештера скриена во длабоките шуми на Фонг На Ке Банг националниот парк во Виетнам ја пронашле дури во 1991 година.

Приказната за пештерата гласи „локалниот фармер Хо Кан одеше по бујната шума во срцето на Фонг На Ке Банг”. Тоа е регион кој што му бил познат, но не обраќал посебно внимание на опкружувањето се додека џунглата под него не се отворила. Согледал дека се појавила врата која повикувала во темнината. Овој човек го открил влезот кој бил сокриен милиони години откривајќи ја најголемата пештера во светот.

Пештерата Сон Донг нема статуи, нема праисториски слики – таа самата по себе е уметничко дело на природата.

Во 2009 година група научници се впуштиле да ја истражуваат оваа голема пештера. Пет пати поголема од претходно најголемата забележана пештера во Виетнам, Сон Донг го добила името по виетнамскиот збор за „планинска река” затоа што во самата пештера се наоѓа огромна и брза река. Оваа пештера има и своја пештера која истражувачите ја нарекле „Градината на Адам” како и највисоките сталагмити во светот високи и до 70 метри.

Потребна била цела година за истражувачите Ховард и Деб Лимберт да го достигнат крајот на пештерата заобиколувајќи го 60 метри долгиот ѕид од калцит кој бил наречен „Големиот ѕид на Виетнам”. На другата страна од ѕидот, тие пронашле големи пештерски бисери со големина на безбол топка. Тие се формирале со концентрација на калциумови соли и вода.

Се верува дека оваа пештера е формирана пред повеќе од 2 милиони години, а тоа време е сосема доволно пештерата да формира своја клима. Присутноста на калциум карбонат потврдува дека пештерата произведува свои облаци кои носат дожд. Во 2013 година, првата група авантуристи ја истражувале пештерата со водич, а цело тоа истражување ги чинело 3.000 долари по човек.

httpv://vimeo.com/121736043

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag