
Најмалку 20 торнада опустошија делови од јужните американски држави оставајќи зад себе најмалку 10 мртви и разрушени домови.
Најтешко погодени се делови од државите Индијана и Мисисипи, каде едно торнадо уништило дури 20 куќи. Сите рушевини детално се пребаруваат и се претпоставува дека бројот на жртви ќе расте.
Во Мисисипи потврдена е смрт на 6 луѓе. Три лица загинале во Тенеси, а едно во Арканзас.
Во Алабама околу 3.500 домови останале без струја.
Од Мисисипи доаѓа и неверојатна снимка од автопат, на кој силното торнадо успеало да преврти шлепер.
https://www.youtube.com/watch?v=ako7lHRylGs