Гитаристот на Стоунси на новиот албум го “угости” поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Неодамна е објавено дека Мик Џегер оформил супер група со синот на Боб Марли и Џош Стоун, а сега и Кит Ричардс ќе тргне по неговите стапки. Тој спрема нов албум на кој ќе гостува поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Тој изјавил дека веќе дискутирале со Клинтон на оваа тема, но не сакал да открива повеќе детали. Кажал само дека со Бил разговарале за саксофон.