Погледнете како денес изгледа мајката на Стифлер од „Американска пита”?

popara14 јануари, 20161min00
13

Верувале или не, мајката на Стифлер и ден денес изгледа идентично како пред речиси 20. години – како да не остарела ниту еден ден оттогаш.

Имено, Џенифер Кулиџ, позната како оригиналната „MILF-ица” изгледа дека изминатите две децении колку што поминаа од првиот филм на комедијата „Американска пита“ воопшто не остарела.

Во 1999.та година бујната русокоса беше онаа што ги наведе средношколците да фантазираат за сите работи кои би можеле да ги прават со жена која е двојно постара од нив.

Фаталната заводничка, мајката на Стифлер, која на крајот го „одвлечка“ во кревет пријателот на нејзиниот син денес има 54 години, и продолжува да глуми во други холивудски филмови, како „Легална русокоса“, „Приказна за пепелашка“ и многу други.

Фановите на популарната серија „Очајни домаќинки“ ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека Кулиџ, која – исто така се појави во сериите „Сексот и градот“ и „Пријатели“ – конкурирала за улогата на Линет Скаво, која на крајот отишла во рацете на Фелисити Хофман.

– После улогата на мајката на Стифлер, би рекла дека 90 проценти од сценаријата кои ми тропнаа на врата беа за жени кои имале многу пластични операции или кои се омажени за богати мажи – некој вид на ’трофеј жени – вели Џенифер.

Џенифер Кулиџ открила за „The Guardian” дека после фимот навистина се забавувала со многу помлади мажи.

– Да, после филмот се забавував со доста помлади мажи, и тоа во следните 10, 15 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag