Како паѓа температурата така и нашата мотивација за да носиме нешто друго освен топли џемпери опаѓа со неа. Па затоа малку боја на очите е идеален начин да изгледаме шик.
Оваа сезона во фокус се бои на благородните камења како светликаво златни и богати смарагдни нијанси.
Кога ја бирате својата нијанса, бојата на очите има клучна улога.
Кафени очи
Син ајлајнер се изнагледавме на модните писти оваа сезона, но за разлика од електрично сината, морнарско сината е соодветна за сите прилики.
За разлика од црната, темно сината нијанса ќе делува понежно на кафени очи.
Боја на лешник
Топлата металик златна нијанса ќе ги истакне жолтеникавите нијанси во вашите очи и ќе направи да ви светкаат и да изгледаат посветло.
Зелени очи
Комбинацијата на зелени очи и виолетов ајлајнер е излезена од рајот :). Црвените подтонови во виолетовата ги нагласуваат зелените очи без се да изгледа нападно.
Сини очи
Ладната сина боја на очи совршено ќе ја истакне контрастната смарагдна боја и ќе направи очите да ви сјаат.
Сиви очи
Истакнете го синото во вашите сивкасти очи со помош на контрастни црвено кафени нијанси. Бојата на виното ќе ги истакне вашите очи и ќе направи да делуваат топло.