Има 112 години и пуши по 30 цигари дневно: „Знам формула за долг живот“

popara28 јануари, 20161min00
2

Старица која има 112 години тврди дека овие години ги доживеала исклучиво благодарение на цигарите, односно 30 цигари дневно и така веќе 95 години.

Батули Ламичане е родена 1903 година, а започнала да пуши цигари на 17 години. Таа тврди дека оваа секојдневна рутина и помогнала да ги надживее сите во селото, вклучувајќи ги и нејзините деца.

– Баш ми е гајле колку сум стара, но дека сум стара, стара сум. Видов доста работи кои се менуваа за време на мојот живот, објаснува Батули.

Без оглед на годините, таа не прекинува со цигарите – секој ден пуши по 30 цигари.

– Пушам веќе 95 години. Не гледам ништо лошо во тоа, додава старицата.

Батули им дава совет на сите пушачи да ги избегнуваат „комерцијалните цигари“ и наместо нив да купуваат тутун.

Таа живее во Непал и не сакала да го напушти ниту по разорниот земјотрес.

– Луѓето во ова модерно доба се премногу под стрес. Најважно е да сте активни, бидејќи тоа ќе ве ослободи од стресот. Обидете се да бидете среќни и ќе живеете подолго, заклучува Батули.

Сепак, ова не значи дека цигарите и го продолжуваат животот на оваа старица, бидејќи докажано е дека се штетни!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma