Овие денови на социјалните мрежи има голем број „напади“ на познатата пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца од страна на синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Иако Цеца неодамна најави тужба поради ваквите навреди, признава дека ни сама не знае зошто синот на нејзиниот сопруг Аркан секојдневно ја напаѓа.
– Не знам. Јас не го мразам. Јас никого не мразам, а тој колку многу да е затруен, има само 33 години и мора да одговара за своите постапки и изјави. Да е Жељко жив никогаш немаше да ме задева. Бевме голема среќна фамилија. – изјавила Цеца во интервју за Блиц.