Слип фустани
Доколку сте љубителки на фустани, оваа сезона дефинитивно ќе треба да набавите некој модел на популарните слип фустани. Во пролетните колекции на Живанши, Селин, Келвин Клајн и Сен Лоран сè се врти околу деведесеттите и трендовите од деведесеттите, а овие фустани го имаат главниот збор. Носете ги со маица за преку ден и со тенки, високи потпетици за навечер.
Синџирчињата за глужд се враќаат на сцена
Па, дали ова е следниот голем тренд? Веројатно ДА! Носете впечатливо синџирче околу глуждот на ногата. Но, не како оние направени од ткаенина или пак малите тенки врвки кои можете да ги видите кај инструкторите по јога. Изберете впечатливи ланци како во случајот на Келвин Клејн и заврзете ги околу задниот дел на вашите нови адидас патики (или евентуално новите „најки“ ). Тука се и популарните „choklet“ огрлици кои потсетуваат на „choker“ ланчињата, но наместо на врат, ги носиме на глуждовите на нозете. Изгуглајте го малку овој тренд и ќе се изненадите од сето она што можете да го носите на нозете.
Прериски кошули
Прериските фустани кошули (мислиме на оние романтични фустани, украсени со богати везови, кои се инспирирани од фустаните кои ги носеле американските селанки во минатото, и кои најчесто можеме да ги видиме во филмовите!) можеби звучат премногу оптимистички за пролетната сезона, но затоа тука се прериските кошули. Па, доколку не сакате да изгледате како некоја американска поетеса во депресија од крајот на 19 век, определете се за типична бродирана англиска кошула, само проверете дали јаката е доволно висока за да ви се гледа кога температурите ќе паднат и ќе ја носите под џемпер. Или пак побарајте модел со карнери на ракавите.
Крут тексас
Наместо еластични, оваа сезона изберете парчиња од крут тексас. Во мода се…
Ранци
Ова можеби е единствената работа која оваа сезона ќе можете да ја носите и во теретана, но и на прошетка со пријателките – ранецот од „Барбери“ (или некој сличен на него!). Да, ранците ќе бидат во мода и следната сезона, па доколку се уште не сте пробале да ги внесете во вашите секојдневни комбинации, еве ви шанса да го направите тоа во следниот период.
Обувки во форма на папучи
Во новата година зачекорете во еден шик пар на чевли на кои им „недостасува“ задниот дел и кои изгледаат како папучи. Колку се поелегантни толку подобро бидејќи на тој начин ќе можете да ги носите и во вашата канцеларија.
Поло маици
Интересните поло јаки се вратија на голема врата но овој пат тие помалку личат на маиците што се носат на голф терените, отколку на облеката што се носи во вселенските летала во научно-фантастичните филмови. Стилот кој изгледа како да е позајмен од „Војна на ѕвездите“ и кој беше присутен и во колекцијата на Стела Макартни многу потсетува и на бестселерот на “Fruit Of The Loom“, па доколку сакате да бидете ин, продолжете да ги купувате (и носите) овие безвременски маици.
Шарени фустани
Оваа пролетна сезона ќе бидат модерни фустани со интересни хипи принтови, а највозбудливите доаѓаат од колекцијата на „Валентнно“. Носете ги во комбинација со плетени беж парчиња во јануари и со исончан тен во текот на летото.
Голи раменици
Погледнете го овој модел „две во едно“на Проенза Скулер. Главната порака тука е дека модата откри нова ерогена зона за оваа сезона со правата линија повлечена под клучните коски над која рамениците остануваат голи.
Џемпери со копчиња
Овие парчиња некогаш беа резервирани за библиотекари и студенти на докторски студии, како и за старците од МАНУ. Секако, тоа беше пред да бидат повторно откриени од познатите дизајнери како Сен Лоран кои им направија целосен ремонт така што сега слободно можете да ги носите со вашите проѕирни и заводливи фустани што наликуваат на ноќници и да добиете инстант модерен ефект.