Подготовка:
Њоките сварете ги во посолена вода, а потоа исплакнете ги. Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Кога месото ќе потемни, додадете ги тиквичките исецкани на коцки и оставете ги 3-4 минути.
Додадете павлака, зачини и претходно сварените њоки. Промешајте на тивок оган неколку минути.
Пред да послужите декорирајте со сецкан магдонос.
Состојки:
- 600гр њоки (замрзнати)
- 1 лажица масло
- 400гр пилешко бело месо
- 2 тиквици (400гр)
- 200гр павлака
- Сол, бибер
- магдонос