Пејачката Јелена Карлеуша секојдневно внесува новини во облекувањето, а голем број нејзини комбинации ги воодушевуваат и светските стилисти. Овој пат покажала дека била во тренд дури и во далечната 1998 година.
Пејачката се вратила во 1998 година и ги потсетила следбениците на Инстаграм како тогаш носела долга плетенка, која денес е многу популарна.
Модните трендови секогаш се враќаат, напишала Јелена под фотографијата.