Истражувањето што го направи веб страната CareerBuilder.com покажува на кои знаци ѕвездите им се навистина наклонети. Со анализирање на одговорите и платите што ги заработуваат припадниците на различните хороскопски знаци, дошле до интересни поклопувања.
Така се покажало дека биковите, скорпиите, лавовите и раковите во просек заработуваат повеќе од 100 илјади долари месечно, што е повеќе од било кое друго просечно примање.
Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа со која владеат биковите и скорпиите, така што не зачудува што овие два знака се најдоа на лицата на најбогатите.
Голем број бикови под влијание на Венера развиваат префинет вкус па затоа луксузниот живот за нив е потреба што ќе им создаде чувство на сигурност, стабилност и удобност. Но, вредните бикови имаат смисла и за управување со сопствените пари, па нема да дозволат непотребно растурање на пари.
Скорпијата исто така е во потрага по удобен живот, што најчесто им е овозможено поради вродените способности за инвестирање. Поради моќната енергија на една скорпија, дури и најскриените желби може да станат стварност.
Лавовите сакаат да бидат забележани и да ги почитуваат, па многу често тоа и го постигнуваат. Нивниот енергичен настап е нешто што сите ќе го запомнат и поради што просто ќе ги обожаваат. Ваквиот општествен углед често им овозможува многу пари затоа што лавовите ќе вложуваат големи суми за да ја финансираат својата облека, подароци и раскошни вечери за блиските лица.
Пожртвуваните ракови ги води желбата да го обезбедат сопственото семејство и грижливо да го уредат сопствениот дом. За да го постигнат тоа, тие ќе развијат работна етика и амбиција па оваа желба наскоро ќе им стане стварност. Вредните и успешни ракови најчесто ќе продолжат да го живеат животот скромно, уживајќи во благодетите и сигурностите што си ги обезбедиле.
На врвот на листата на хороскопск знаци на коишто ѕвездите не им се наклонети на ова поле се водолиите и јарците.