Ситна душа не може да ја поднесе големата болка, но големата душа ќе ја надмине!

popara1 март, 20161min00
6

Приказната за еден ученик и неговиот учител е лекција за животот. Ученикот постојано се жалел заради тоа што животот му носел многу горчини. Еден ден, на учителот му здосадило и го пратил во град за да купи две шаки сол. Кога ученикот се вратил, учителот му рекол да истури една шака сол во чаша вода и да се напие една голтка.

– „Каков е вкусот?“ – прашал учителот.
– „Горчлив!“ – се пожалил ученикот и ја исплукал голтката.
– „Запамети го ова!“ – му рекол учителот и го повел со себе до најблиското езеро.

Кога стигнале, учителот му наредил на ученикот: „Фрли ја другата шака сол во езерото и напиј се од него.“

Младиот човек ја фрлил солта, клекнал и се напил од езерото.

– „Каков е вкусот?“ – повторно прашал учителот.
– „Сладок.“ – одговорил ученикот.
– „Го чувствуваш ли вкусот на солта?“
– „Не, учителу.“
И тогаш учителот му одговорил: „Болката во животот е чиста сол.“

Количината на болката останува иста, потполно иста. Но, горчината, која што настанала од болката, зависи од садот во којшто ја чуваш својата рана. Затоа, секогаш кога ќе почувствуваш горчина во животот, прошири ги своите сфаќања. Кога ќе се соочуваш со голема болка, престани да бидеш чаша и претвори се во езеро.

Едоставно, гледај пошироко и подалеку од твоите рани па водите, а и твојот живот ќе станат мирни и слатки како ова езеро. Запомни, малата чаша не може да ја поднесе големата болка, но големото езеро нема ни да ја почувствува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma