Гардероба која треба да ја перете само еднаш годишно

popara2 март, 20161min00
1

Зимската гардероба бара посебен третман, најмногу поради составот на материјалот од кој е изработена. Затоа, ако сакате вашата облека да трае што е можно подолго, неколку трикови ќе ви помогнат да ја спасите од пропаст.

Јакните со пердуви доволно е да се измијат два пати во текот на сезоната. Пречестото миење може да ги оштети пердувите. Ако ги миете во машина за перење, нека биде во ладна вода и не користете класични детергенти, туку детергенти наменети за нежни ткаенини.

Најдобро е јакната полнета со пердуви да ја исушите во машина за сушење на облека. Ако ја сушите на воздух, повремено протресете ја за да не се залепат пердувите.

Џемперите треба да се перат после шест пати носење, а волнените материјали бараат дополнителна нега. Пред перење свртете ги од внатрешната страна и перете ги само со материјали со слични бои. Исперете ги два пати, а ако можете, сушете ги на отворено.

Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу три пати во сезоната, во машина за облека или рачно, се зависи од видот на материјалот.

Волнените палта се перат два пати во текот на зимата, а ако не ги носите често, еднаш годишно однесете ги на хемиско чистење. За да нема капутот после миење мирис на влага, исушете го на отворено и избегнувајте да го ставате во плакар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma