Лаги кои момчињата ни ги кажуваат

popara3 март, 20161min00
14

Мажите знаат да не излажат за да избегнат кавга или да се “спасат“ од некое наше поголемо испрашување.

Во прилог погледнете кои се тие најчесто мали лаги кои можете да ги слушнете од партнерот, само за да избегне конфликт со вас…

1. “Се напив само едно пиво“…станува збор за ситуација кога е излезен со пријателите и со нив се запил додека вие го чекате. Тој нема да сака кога ќе се врати да го дочека вашиот лут тон на глас па на прашањето “каде беше и со кого пиеше?“, ќе ви каже дека испил само едно пиво.

Вие знаете дека не е така, но едноставно не можете за тоа да му се налутите.

2. “Никогаш не гледам во други жени“…но тоа е лага, кога ќе помине убава и згодна девојка дури и ние некогаш ќе ја загледаме. Но тоа не значи дека тој е подготвен да не изневери.

3. “Да целосно си во право“…иако не сте во право, тој многу често ќе го каже тоа што не го мисли само за да си ги сочува нервите, а на нас ќе ни го каже тоа што сакаме да го слушнеме.

4. “Ми се допаѓа твојата мајка“…таа го тестира, скенира и проверува дали е доволно добар за нас, но сепак ќе каже дека таа е супер за да не не повреди.

5. “И јас тебе те сакам“…љубовта е комплицирана и сите ја сакаат но не се сите способни да ја изјавуваат.

Те сакам не значи за секој исто, тоа може да значи дека е вљубен во нас но може да значи дека само му се допаѓаме но не и дека не сака во вистинската смисла на тој збор.

Причината поради која ќе ви каже дека не сака е да не не повреди, а секогаш постои можноста  дека со тек на време навистина ќе не засака.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma