Едно семејство на Флорида се шокирало кога во домашниот базен пронашле 2.7 метри долг и 140 килограми тежок алигатор.
Големиот рептил до базенот допшол од 70 метри оддалеченото езеро.
Еден од луѓето од куќата го пронашол алигаторот кога се вратил од работа. Вели дека слушнал бука од базенот и отишол да провери за што станува збор, но едвај го забележал животното бидејќи било на дното од базенот.
На крај, алигаторот го отстранил службеник од Комисијата за риболови и диви животни.
Инаку, ваквите сцени и не се ретки во Флорида.