Често страдате од болки во грбот и вратот? Дали некогаш сте размислувале за јога, или едноставно немате време?
Нема проблем, бидејќи оваа вежба нема да ви одземе повеќе од 10 минути од вашето време, а доста е ефикасна!
Прво, легнете на стомак и поставете ги рацете покрај телото со челото на земја.
Исправете ги лактите а дланките насочете ги кон телото. Вашите нозе држете ги исправени а стопалата истегнати.
Потоа, подигнете го горниот дел од телото.
Длабок издишете: Подигнете ја главата, подигнете ги градите и стомакот, а нозете и рацете оставете ги во исправена позиција ..
Повторете го ова 10 пати според темпото кое одговара на вашето тело.
Болки во долниот дел од грбот
Луѓето кои голем дел од денот го поминуваат седејќи пред компјутерот во канцеларија имаат проблем со болки во долниот дел од грбот, вкочанетост и непријатност кои од ден во ден се се поголеми.
Овие вежби, односно оваа програма за правилно истегнување на грбот ќе ви помогне да се ослободите од непријатните болки во грбот. Резултатите ќе ги забалежите веднаш по првото изведување на вежбите.
Се што ви е потребно е подлога за подот, но доколку немате можете да искористите обично ќебе. Уживајте додека се ослободувате од оваа секојдневна непријатност…