Постои лепеза од препарати за лице што се користат, меѓу другите вклучувајќи и уникатни состојки, ласери, пчелен отров, па дури и сопствената крв. Освен овие третмани, постојат и скапи козметички креми, ботокс, па дури шлаканици на лицето.
Но, вие не мора да трошите огромни пари за да го спречите појавувањето на брчките.
Микаеле Промалико, уредничката за убавина во „Yahoo“ објави неколку совети преку кои можеме да дознаеме и да се информираме како да ги спречиме брчките бесплатно. Таа вели дека повеќето брчки се предизвикани од распаѓањето на колагенот и еластинот, додавајќи: „Најголемие виновници се, очигледно, пушењето и сонцето.“
Микеле ги нуди следниве седум лесни совети за спречување на брчките:
1. Избегнувајте пиење преку сламка. „Кога ги движите усните додека пиете преку сламка, само придонесувате да се појават оние мали линии околу усните. А тие не се симпатични,“ вели таа.
2. Ограничете го честото џвакање мастики. Повторувачките движења при џвакањето, обично повеќе на едната страна од устата, може да предизвика брчките да бидат понагласени на таа страна од лицето.
3. Секогаш носете очила за сонце, дури и кога е облачно. „Секогаш зажмирувате кога сте изложени на силна светлина. А тоа ќе предизвика фини линии околу очите“, истакна таа.
4. Обидете се да не ја растегнувате кожата при ставање или отстранување на шминката. „Само обидете се да бидете нежни со вашата кожа“, додаде таа. „Исто така, имаме тенденција да ги кренеме веѓите и да ја отвориме устата и да ги правиме сите тие смешни гримаси. Обидете се да не го правите тоа.“
5. Ограничете го консумирањето на рафиниран шеќер. „Рафинираниот шеќер воопшто не е добар. Придонесува за распаѓање на клетките“, вели таа, додавајќи дека тоа предизвикува воспаление.
6. Бидете свесни за тоа колку многу гледате надолу во вашите мобилни уреди. „Може да користите праќање гласовни пораки, држејќи го телефонот нагоре, без да гледате надолу“, вели таа.
7. Обидете се да не спиете настрана. „Кога спиете настрана, предизвикувате брчки на лицето, но, исто така, предизвикувате и раздвојување на истите“, изјави. Таа советува луѓето да спијат на грб и да користат свилени навлаки за перниците.