Дали навистина знаеме како да го споиме убавото и корисното, па за време на најголемото уживање да го зацврстиме телото? Фитнес мајсторите предлагаат пози кои се покажаа како најуспешни за постигнување на неверојатни резултати, и тоа во смисла и на двете– и задоволување на сетилата и еден вид тренинг заедно!
Опасен триаголник – за задник и стомачни
Мисионерската поза сигурно ви се чини досада, но некои нејзини варијации можат да направат чуда за вашите мускули. Додека ги испробувате, обидете се да ги стиската мускулите на задникот, како и стомачните мусклули, за постигање на најдобар резултат. Додека е над вас, кажете му да се потпре на нозете и на рацете, а вие со задникот подигнете се кон него, додека тој за сето време стои мирно. Повторувајте додека ве држат.. колковите!
Секси осумка – супер поза за затегнување на задникот и стомачните
Уште една со мисионерски варијации, но со многу полесен заплет. Додека лежите во креветот, ставете две перници под задникот и подигнете ги колената истовремено стискајќи ги стомачните и мускулите на задниот. За што подобар резултат, обидете се истата поза без перници и подгответе се за вистински тренинг. Единствената разлика е што овој пат ќе се потите без маичка и шорцеви.
Исправени задоволства – за раце, задник, бутови и листови
Следната поза бара сила и кај вашиот партнер, но гарантираме – и двајцата ќе заштедите за едно одење во теретана, што значи дека оваа поза е идеална за денови кога не ви се оди на тренинг. Застанати еден кон друг, замотајте ги рацете околу неговите раменици, а нозете околу неговата половина. Потоа зацврстете го горниот дел туркајќи ги рамениците и градите кон надворешноста. Одржувајте ја тежината на неговото тело, истовремено работејќи на секој дел од вашето тело, а за уште поголем предизвик, одржувајте ги мускулите на бутовите и листовите затегнати.
Романтична свеќа – за раце задник, бутови и листови
Легнете на земјата со лицето свртено нагоре. Со рацете потрпете го долниот дел од грбот, подигнете ги нозете и задникот вертикално нагоре. Вашиот партнер треба да клекне пред вас и своите глуждови и колена да ги приближи кон вашите раменици. Додека ги држи колковите, вие држете го за неговите бутови. [Обидете се да ги замислите овие „вежби“, онака додека седите на столчето и го читате текстот, како полесно би ги запомнале, а подоцна и примениле … :)]
Камени мост – за затегнување на цело тело
Оваа поза дефинитивно ќе го затегне секој мускул во вашето тело. Подготвени? Легнете за земјата, прицврстете се со дланките и стапалата, подигнете го горниот дел од телото и задникот, и направете мост. Обидете се дланките да ви бидат рамни со рамениците. Секако, во оваа поза можете да останете само одредено време, но само со неколку секунди, ќе постигнете одлични резултати.