Андреја Пејиќ во долг, атрактивен фустан се појави на забавата на Елтон Џон која беше организирана по доделувањето на Оскарите.
Познатата манекенка носеше црн фустан со страничен шлиц, со впечатлив отвор во предниот дел кој нежно се затвора околу вратот, а целата комбинација беше зачинета со елегантни црни салонки и децентна шминка.
Но, таа не беше единствена која носеше фустан од „Alexandre Vauthier“ таа вечер… И познатата пејачка Тејлор Свифт на забавата на „Vanity Fair“ се појави во потполно идентична креација! Единствената разлика е во нивните фризури и златните сандали со високи потпетици кои пејачката ги носеше во комбинација со златна клуч чанта и златна чокер-огрлица која е еден од водечките трендови за оваа сезона.
Па, која од овие две дами ви изгледа поубаво?