Што се однесува до шаловите, тука не се издвои ниту еден посебен тренд. Се носат во сите бои и дезени, од различни материјали, широки и тесни… Па така, свилениот шал од обичен фустан ќе направи свечена комбинација за облекување.
Ако немате соодветен ѓердан, префрлете го шалот лабаво преку вратот. Облечете се скроз во црно и ставете некој шал во јаки бои за да ја разбиете комбинацијата.
Во прилог погледнете ги советите како да врзувате шал или марама како стилист:
https://www.youtube.com/watch?v=gZClHB-AlGg