Ново истражување што го објави Esquire вели дека во сржта на мажите е да бараат одредени карактеристики кај жените – физички артибути за кои сметаат дека се најпривлечни.
Истражувањето вели дека овие карактеристики се поврзани со добро здравје и плодност, а свесно или несвесно, мажите ги сметаат да неодоливи.
1. Широки колкови, тесна половина
Мажите сакаат овие пропорции да се со што е можно поголема разлика – колковите да се значително пошироки од половината. Овој дел од телото се поврзува со раѓање на деца и мажите потсвесно мислат „овие колкови и задник се одлични за носење на моето дете“.
2. Здрава и убава коса
Густа, сјајна и долга коса е особено атрактивна за мажите. Ова е уште еден знак за добро здравје и плодност кај жените. За среќа, сето ова може добро да се лажира со редовни посети на фризерски салон.
3. Насмевка
Очигледно, среќните луѓе се привлечни луѓе. Но науката исто така вели дека колку се побели забите, толку подобро.
4. Помалку шминка
Иако можеби сметате дека слоеви пудра, неколку нијанси сенка за очи и усни во силна боја ве прави поубави, науката вели дека природниот изглед е попривлечен за мажите.
5. Тенок глас
Според истражувањето теник и висок женски глас, алудира на младост и мало женствено тело – две карактеристи што се привлечни за мажите.
6. Носење црвено
Има причина зошто црвената боја се поврзува со страст. Истражувањата покажале дека носењето на облека во црвена боја ја зголемува атрактивноста.