
Зимата полека заминува и конечно ќе ги спакуваме тешките капути и џемперите, а ќе ја извадиме пролетната гардероба.
Во денешниот текст ви откриваме кои модели на фармерки ќе ги носиме оваа пролет.
Продолжете да читате и веруваме дека ќе го пронајдете идеалниот модел за себе…
Бели фармерки…колку повеќе температурите се качуваат толку и ние повеќе ќе се вртиме кон светлите бои. Оваа пролет ќе се носат белите фармерки, а вие се што треба е да го одберете совршениот крој за вас.
Искинати фармерки…предходната сезона искинатите фармерки беа апсолутен хит, според најавите од модната индустрија и оваа година ќе биде таква ситуацијата. Ништо не дава доза на бунтовност како пар искинати фармерки.
Груби рабови…модната индустрија како да прогласи бунт против строгите линии, па фармерките со груби рабови кои делуваат како сами да сме ги сечеле ќе бидат вистински хит.
Со детали…дозволете и на пролетта да ја разбуди креативноста во вас, па фармерки збогатени со најразлични детали се вистиснката работа.
Избледени…паметите ли кога со варикина порано ги избледувавме фармерките? Епа драги дами време е повторно да ги понесеме моделите од нашата и младоста на нашите мајки.
Ѕвонарки...уште од минатата година владеат на модната сцена, така што ако досега немате набавено ваков пар побрзајте и дочекате ја пролетта во бохо стил.
Кој модел најмногу ви се допаѓа?




