Живееме во време на големи и неисполнети ветувања.
И покрај тоа што во суштина сите ние сме егоисти, малкумина од нас разбрале дека овој свет не се владее од љубовта и пријателството, од чесноста и поштеноста, разбирањето и взаимната почит.
Самата помисла, да се грижиме пред се за самите себе, а потоа за другите, е доволна за да разбуди кај повеќето од нас чувство на вина. Тие велат „До каде ќе стигнеме ако сите луѓе бидат егоисти?“.
Но ако секој се грижеше повеќе за самиот себе, отколку за другите, ќе имаше многу помалку несреќни луѓе, зарем не?
Кој што не е спремен да се справи сам во животот и да ја заштитува и бара со нокти и заби сопствената среќа, од сите оние што сакаат да му наштетат, нема ни најмали шанси да биде задоволен од истиот тој живот. Таквиот човек, не може да биде среќен. Тој едноставно, не знае да се избори за своето место под сонцето, ставајќи ги секогаш на преден план туѓите потреби, тугите желби и емоции, запоставувајќи ги притоа своите.
Што и да се зборува за неопходноста да се приспособуваме на околните, тоа не треба да ни ги затвори очите за тоа дека единствено ние самите сме одговорни за себе си.
Треба да знаете дека кога ќе немате што повеќе да дадете, никој нема да се погрижи за вас.
Ништо во животот не се добива како подарок.
И во љубовта исто.
Се што сакаме да постигнеме си има цена и секој од нас треба да ја плати.
Кога ќе се ставиш себе си на прво место, а после тоа се останато и сите други, дури тогаш ќе имаш успех во љубовта и животот воопшто.