Човек и куче исчезнале во шума, а потоа полициски хеликоптер го снимил ова со термална камера!

popara15 март, 20161min00
Човек и куче исчезнале во шума, а потоа полициски хеликоптер го снимил ова со термална камера!

Семејството на Мартин Каја повикало полиција во помош бидејќи старецот, цели 7 часа откако рекол дека оди да го прошета кучето, не се вратил дома. Загрижени дека му се случило нешто лошо, бидејќи веќе паднала ноќ, тргнале во потрага. Полицијата ангажирала и хеликоптер опремен со термална камера, која забележала необична сцена.

Во шумичката, на само неколку улици од својот дом, Мартин лежел на земја, во несвест. Покрај него било неговото куче. Лежело покрај сопственикот. Цели седум часа неговото куче, Холи Блу, не се помрднало од него.

Кога на терен излегле полицајци, преку радио врска до човекот ги насочувала полициската екипа од хеликоптерот. Човекот лежел на земја, неподвижен, а кучето, кога забележало дека им се приближуваат, станало и почнало да лае.

Полицајците одлучиле да и ја покажат на јавноста храброста и лојалноста на кучето, објавувајќи ја снимката на која се гледа однесувањето на животното.