Совети: Како да ја отстраните лошата карма?

popara15 март, 20161min00
13

Секое зло влече друго по себе…Ние постојано , 24 часа во денот, испраќаме енергија кон космосот,и таа истата ни се враќа. Во зависност од тоа каква енергија сме пратиле таква и ни се враќа. 

Ако мислите дека кармата ви е лоша и сакате да превземете мерки, имаме многу соодветни совети за вас. Овие насоки се погодни за апсолутно секој човек.

– Не барајте одмазда! Оној кој ве повредил, ќе ја добие заслужената казна. Но не од вас!

– Расмислувајте внимателно за своите постапки! Ако со нив ќе повредите други луѓе, подобро не ги правете.

– Помагајте им на другите без да чекате молби и подсетници. Добрините направени под принуда, не ја прават кармата подобра ниту вас подобар човек.

– Носете одговорност за своите акции, не ја префрлувајте на други луѓе.

– Правете најмалку по едно добро дело на ден.

– Не им посакувајте лошо на другите! Дури и на оние кои мислите дека го заслужуваат. Таа негативна енергија ќе ви се врати со двојна сила.

– Не бидете себични. Грижете се за послабите, наместо да ги прекорувате дека не се силни како вас.

– Извинете им се на оние кои сте ги повредиле. Во тоа нема ништо срамно.

– Правете ги работите од срце, не од разум.

Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување односно увид.

Во еден од текстовите поврзани со будизмот е забележано како еден човек го прашува Буда?

„Зошто некои жени се грди, но богати?

Зошто некои жени се убави но сиромашни?

Зошто некои жени се сиромашни но здрави?

Зошто некој жени се богати, но болни и имаат краток живот?

Буда вака им одговорил:

Онаа жена  која е грда, но богата во минатиот живот била избувлива, лесно се лутела, но исто така била и многу дарежлива, го почитувала Буда, и им помагала на многу луѓе.

Онаа која е убава, но сиромашна, во минатиот  животи, била љубезна, секогаш насмеана и мед и течел од устата, но била скржава и не им помагала на другите луѓе.

Жената која е сиромашно, но е здрава и има долг живот во минатиот живот била многу скржава, но од друга страна никому не нанесла зло.

Но жената која е богата но често е болна или има краток век во минатиот живот била многу дарежлива и им помагала на другите, но имала страст кон ловот и убивањето, со тоа предизвикувала другите луѓе да чувствуваат страв и несигурност во нејзина близина.“

Со овие одговори ни се покажува дека се што правиме безразлика дали е добро или лошо на некој начин ќе се одрази врз нас.

Во светот милиони луѓе веруваат во законот на Кармата. Иако никој не ја разбира целосно и неможе точно да ја објасни многу филозофи веруваат дека без оглед на вистинитоста вербата во кармата е позитивна,бидејќи стравот од повратниот ефект ги одвраќа луѓето од лоши дела.