Трикови кои ќе направат да изгледате помлади

popara17 март, 20161min00
3

Време не можете да го запрете, но можете да го забавите вашиот часовник и да постигнете помладешки изглед на косата, рацете и кожата. За тоа не ви треба пластична операција, скапи тремани во салоните за убавина, или шкафче полно со скапа козметика. Се што треба е да ги преиспитате вашите секојдневни навики и да ја смените вашата рутина.

Прескокнете го сушењето на косата со жежок воздух

Младешката коса има волумен и сјај, но користењето на пегла за коса, фигаро или фен може да доведе до безживотна коса која ќе допринесе да изгледате постаро.

Вратете го времето: Објавете си самите на себе забрана за користење на апарати кои користат топлина и одморете ја косата. Оставете ја косата да се суши природно или целосно прескокнете го миењето на косата со шампон.

Нанесувајте крем со заштитен фактор секојдневно

Дерматолозите постојано повторуваат дека секојдневното нанесување на заштитен крем може да ве заштити од рак на кожа, но тоа исто така е одличен арсенал против стреењето.

Вратете го времето: SPF 30 е златниот стандард кој го препорачуваат дерматолозите. Нанесувајте го секојдневно, без разлика на тоа дали има сонце или врне.

Користете лосион на рацете

Кожата на дланките е многу тенка, што ја прави подложна на забрзано стареење во споредба со кожата на остатокот од телото. Кога сувиот воздух ја исцрпува влажноста од вашата кожа вашите раце ќе изгледаат постаро од што навистина се. Користењето на лосиони може многу да ви помогне, а најдобро е да изберете лосион кој содржи заштитен фактор. Тоа во голема мера може да ја намали штетата од изложеност на сонце, поради што најчесто се јавуваат кафени дамки и брчки.

Вратете го времето: Нанесувајте крем со заштитен фактор 30 на дланките секое утро.

Избегнувајте храна која може да остави дамки на вашите заби

Белите заби се знак на добро здравје и младост. Темната, лута и леплива храна е најголемиот непријател на белите заби. Избегнувајте црвено вино, кафе, соја сос, спортски пијалаци.

Вратете го времето: Направете ефективна и вкусна замена. Доколку е возможно заменете ја храната која остава траги на забите со некој друг продукт. Кога ова не е можно, бидејќи и бобинките оставаат дамки, а се здрави и вкусни не заборавајте потоа да се напиете вода.

Обојте ги ноктите

Делот од телото кој најчесто ги открива годините не е вашето лице, туку вашите раце! Еден трик кој може да ги залаже другите дека сте помлади од што навистина сте е да имате лакирани нокти. Заедно со носењето накит, лакот за нокти го одвлекува вниманието од несовршеностите.

Вратете го времето: За маникир против стареење одберете богати тонови виолетова или бордо, кои нудат експлозија на бои без да бидат премногу интензивни.

Вежбајте редовно

Вежбањето ја подобрува циркулација, со што и дозволува на кожата да се покаже во најдобро светло. Кога сте во добра форма всушност природно изгледате помлади.

Вратете го времето: Направете го вежбањето дел од вашата редовна рутина. Одберете дисциплина која најмногу ви одговара и заборавете на изговорите. Доколку не сте фан на фитнес, аеробик, пилатес и сл. може да ги правите тибетанските вежби за подмладување, кои ќе направат да бидете поенергични и да се чувствувате помлади.

Внимавајте на внесувањето на натриум

Јадењето солена храна прави да задржувате повеќе вода, што резултира со потечен изглед, особено во делот под очите.

Вратете го времето: Избегнете го потекувањето така што ќе ги детектирате скриени извори на сол во вашата исхрана. Солта се крие секаде – во лебот, целеaриите, сосовите, месото, па дури и во некои слатки печени колачи.

Контролирајте ја зависноста од смартфон

Со тек на време тоа што ја држите главата надолу кога пишувате пораки, е-маилови или прегледувате што има на facebook може да поттикне појава на брчки на вашиот врат. Секое движење кое го повторувате постојано може да предизвика постојани брчки.

Вратете го времето: Размислете каде поминувате најмногу време гледајќи во елетронски уреди, и наместете ги истите во висина на очите со што нема да го виткате вратот. Освен што ќе ја одржите кожата мазна, тоа ќе му донесе големи придобивки и на вашето држење и врат.