
За помалку од минута, овој тест би требало да ви открие нешто за вашиот карактер.
Наводно, гестикулациите со кои се служиме говорат нешто повеќе за нас.
Опуштете се, земете воздух и не размислувајте премногу…

1. Сложете ги прстите како на сликата бр. 1
Ако палецот од десната рака ви е над левиот, запомнете ја буквата D, ако е обратно, тогаш запомнете ја буквата L.
2. „Нишанете со поглед“ – едното око затворено, другото отворено
Доколку гледавте со левото око, запишете L, а доколку е обратно – запишете D.
3. Прекрстете ги рацете на градите како на сликата бр. 3
Доколку левата рака ви е над десната, забележете ја буквата L, а доколку е обратно D.
4. Аплаудирајте
Доколку левата рака ви е доминантна запишете L, а доколку е десната D.
РЕШЕНИЈА:
DDDD – Вие сте конзервативна личност, полна со стереотипи, не сакате расправии и додворување
DDDL – Вие сте неодлучни
DDLD – Вие сте комуникативна личност, многу одлучна, имате смисла за хумор и уметност
DDLL – Слични карактеристики како и DDLD, со тоа што сте почувствителни
DLDD – Спој на памет и нежност
DLDL – Паѓате под туѓо влијание
LDDD – Емотивна личност
LDDL – Мек карактер, многу сте наивни
LLDD – Многу сте сурови кон себе
LLDL – Вие сте рамнодушни
LLLD – Енергични сте и одлучни
LLLL – Вие сте многу емотивна личност, која често се изолира
LDLD – Упорност и тврдоглавост во постигнување на целта
LDLL – Склони сте кон самоанализа. Тешко се спријателувате
DLLD – Бегате од караници, имате хоби
DLLL – Сакате да сте независни