Според најновото издание на американскиот магазин OK! Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат по 16 години брак. Според споменатиот магазин станува збор за развод вреден милијарди долари, а Викторија наводно веќе ја отстранила и тетоважата посветена на нивната венчавка. „Откако со години работеа да го подобрат својот однос тие не успеаја да пронајдат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Но, документите за развод се уште ги немаат потпишано бидејќи во моментот се презафатени со своите кариери, а и целата процедура сакаат да ја направат колку можат подискретно“ вели изворот за OK!.
Инаку парот и во минатото имаше брачна криза па во 2004 година се шушкаше дека Дејвид ја изневерувал Викторија, но тој тоа го демантираше.
„Многу бракови се повлекуваат поради притисок. Мислам дека тоа е вистинската причина поради која и Викторија е толку повлечена. Сега е во фаза кога се имаат заситено еден од друг“ вели изворот и додава дека парот нема предбрачен договор па тоа би можело да доведе до одредени проблеми при разводот.
„Последната работа на светот која Викторија и Дејвид ја сакаат е да му наштетат на своето царство“, алудира изворот за нивното богатството.
Тие се запознаа во 1997 година, а се венчаа во 1999 и имаат четири деца.