Познатата пејачка пред 4 дена објавила фотографија на Инстаграм, на која се гледа како топлес лежи на стомак, а нејзините витки нозе и затегнат задник дошле во прв план.
Иако поп-дивата Мадона никогаш не се срамела да го покаже своето тело, сепак фотографијата со која ги повикала своите фанови на концерт во Мајами изненадила многумина.
“Мајами, доаѓам по тебе”, напишала Мадона во коментарот покрај фотографијата, што воедно било и покана за нејзините фанови да дојдат на концерт.
Инаку, Мадона го завршила американскиот дел од турнејата “Rebel Heart” со два концерти во Мајами.