Што вели хороскопот: Дали партнерот ве лаже?

popara27 март, 20161min00
15

Секој хороскопски знак има некои несвесни движења или знаци кои можат да ви помогнат да откриете дали се обидува да ве излаже. Прочитајте како!

Овен

Мажите родени во знакот на Овен вообичаено многу бурно реагираат на какво било обвинување за работа за која се всушност виновни. Според тоа, ако вашиот партнер е Овен и на вашите обвинувања наместо само да се насмее реагира прилично агресивно – тогаш веројатно и вие имате сериозна причина сериозно да се налутите!

Бик

Биковите се типично сигурни во себе и самосвесни но стануваат прилично несигурни кога се обидуваат нешто да сокријат или пак да излажат. Ако почнат да покажуваат изразена љубомора, немојте да се тешите мислејќи дека тоа е така поради тоа што ве сака. Најверојатно тоа ќе значи дека има некои проблеми кое се обидува да ги сокрие од вас.

Близнаци

Кога Близнаците ќе почнат да се бранат од далеку и да ви велат да не им дишете во врат, да ги оставите на раат да прават што сакаат, дека вие не мора да знаете се што прават и сл. тоа значи дека се сомнителни дека нешто матат. Мажите родени во знакот Близнаци обично сакаат да разговараат за се и сешто и да разменуваат информации, а почнуваат да кријат само тогаш кога навистина имаат што да сокријат!

Рак

Раковите се многу среќни и задоволни ако го минуваат времето со семејството или партнерот, па така, ако одеднаш почне да ви изгледа оддалечен или расејан, тогаш сигурно има нешто што го мачи а не сака да ви го каже. Раковите не сакаат да бидат сами подолго време, па доколку сте попречени да поминувате многу време со него, тој лесно може да почне да си го минува времето со некоја друга!

Лав

Мажите родени во знакот Лав можат да станат опседнати со контролата и да почнат да прават кавги со кои само сакаат да го свртат вниманието од нивните активности. Според тоа, доколку забележите дека партнерот Лав често иницира кавги и почнува да ви кажува што смеете а што не смеете да правите, ваквото негово однесување слободно можете да го протолкувате како маска зад која сака да сокрие нешто.

Девица

Мажите родени во знакот на Девица се многу емотивни и мили, но кога се обидуваат нешто да сокријат тие ги оттргнуваат емоциите од гласот и разговорот. Ако одеднаш стане рамнодушен и ладен или пак на пример почне да ви вели дека можете да правите што сакате, тоа него не го интересира, тогаш имате силни причини да станете сомничави дека нешто крие!

Вага

Мажите родени во знакот на Вага се многу умешни во лажењето кога знаат дека немаат друг избор. За да се спасат самите, тие прибегнуваат кон емотивна манипулација така што прават партнерката да се чувствува како грозна личност само и само затоа што споменала нешто сомнително.

Скорпија

Скорпијата знае да стане прилично непријатна кога крие нешто. Ако одеднаш почне да ве напаѓа со лоши коментари и забелешки на вашиот изглед или интелигенција, можете да бидете сигурни дека со тоа всушност се обидува нешто да сокрие и да го сврти вниманието од нејзините лоши постапки.

Стрелец

Стрелците се прилично релаксирани и безгрижни така што даваат м,ногу јасни знаци дека се обидуваат нешто да сокријат. На пример, ако повеќе пати го прашате за истата работа може во секој нов одговор да изменува одредени детали од приказната. Ако навистина ве мами со друга, може да биде толку невнимателен што лесно ќе пронајдете пораки, телефонски броеви, па и женска облека во неговиот стан.

Јарец

Кога маж роден во знакот на Јарец почнува да лаже, неговата главна стратегија е да ја префрли вината на партнерката. Дури и да го фатите во лагата, ќе се обиде и тоа да го сврти против вас и да ве обвини дека вие сте го довеле до таква ситуација. Доколку се уште не е фатен, а нешто мати, ќе забележите дека има помалa доверба кон вас.

Водолија

Мажот Водолија може да биде многу убедлив во лагите, затоа што без разлика во каква ситуација ќе се најде тој ќе остане ладен и ќе ве гледа во очи и ќе ве лаже. За да дојде до ваква ситуација прво емотивно ќе се оддалечи, што можете да го протолкувате како знак дека нешто не е во ред. Тој ќе се обиде да се повика на вашата логика а не на вашите емоции.

Риби

Мажите родени во знакот на Риби имаат совест и лесно се издаваат кога лажат. Ако одеднаш забележите дека се труди повеќе и прави повеќе работи за вас отколку вообичаено, ако почне да ви купува подароци, да ви се јавува по сто пати или да ви помага во домот, најверојатно чувствува вина поради нешто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag