
Балски фустани во стилот на високата мода, раскошни наметки и впечатливи велови – ова вообичаено се секојдневните модни парчиња на руската дизајнерка Улијана Сергеенко.
Преку својот моден стил таа прави неспоив спој на гламур и улична мода. Како дел од таканаречената „руска улична мафија“, прво стана дел од московската друштвена сцена, па беше забележана на улиците на Париз и Милано за време на познатите модни недели, за потоа и самата да стане дизајнер. Дебитираше во Париз, во јули 2012 година и тоа со колекција на висока мода.










![]()













Како сопруга на руски милиjердер има можност (и финансии) да си ги дозволи најлуксузните парчиња облека од најскапите светски брендови, но Улијана успеа да ја одбегне кич-иконографијата на новопечените руски богаташки и комбинира парчиња облека и модни додатоци со скоро аристократска прецизност и космополитска разиграност.
Ќе ја забележите на поважните светски модни настани, заедно со Мирослава Дума, Вика Гажинска и Лена Перминова, облечена во тоалета со нагласена половина, волуменозно здолниште, необична шапка, а може да ја видите во балски фустан дури и преку ден. Томи Тон, познатиот фотограф на улична мода ја нарекува модерна Ана Карењина. Едноставно, Улијана знае како да остави впечаток со својот единствен моден стил!

















