Еве неколку добри причини зошто мора да го заборавите бившиот!

popara26 март, 20161min00
23

Сите вие сте имале некого во животот за кого сте мислеле дека е оној вистинскиот, но за жал поради некои несреќни околности сè докажало дека не е така. Можеби не било вистинското време или пак не сте знаеле што сте имале сè додека не сте го изгубиле, но животот е таков и тој продолжува. Сепак, не вреди да се навраќате на тоа и едноставно најдобро е да продолжите понатаму. Еве и неколку добри причини зошто би требало да го направите тоа.

Ве спречува да пронајдете некој нов. Ако сè уште не можете да се помирите со фактот дека вашата врска завршила и дека тој повеќе не е со вас, како ќе пронајдете доволно енергија и желба да започнете нова врска со некое прекрасно момче кое стои токму пред вас?

Завршило со причина. Како и секоја друга врска што завршила, постои добра причина за тоа. Клучот на среќното продолжување понатаму е во тоа да се сетите зошто таа врска не успеала и да си дозволите да верувате во тоа дека сте ја донеле вистинската одлука.

Живеењето во минатото не е воопшто добро за вашата иднина. Минатото е зад вас. Ако продолжите да гледате во ретровизорот, ќе го загубите фокусот од прекрасната глетка што ве очекува ако гледате само напред.

Тој нема да се врати. Не надевајте се на опцијата дека тој ќе ја сфати својата грешка и ќе се врати кај вас како некој херој од новелите на Николас Спаркс. Тоа нема да се случи и што побрзо го прифатите ова, толку подобро.

Најверојатно тој веќе продолжил понатаму. Тој сигурно не седи дома, секој викенд, јадејќи сладолед и прашувајќи се дали да ви се јави пред да ве изгуби засекогаш. Па, не треба и вие да го правите истото.

Тој не сака да биде со вас. Суровата вистина дами – ако тој навистина сакал да биде со вас, ќе се обидел да ве задржи. Без изговори.

Можете многу подобро. Надвор има многу момци кои би ве сакале исто толку колку што вие нив.

Престанете да ги споредувате новите момчиња со него! Вие нема да завршите повторно со него, ниту пак со неговиот клон. Не е фер кон новите момчиња да седите со нив на состанок и да размислувате „тој е супер, но не е како стариот“. Дајте им шанса, ќе сфатите дека другите квалитети се токму она што сте го барале.

Ценете ги добрите моменти што сте ги имале со него. Веројатно сте поминале добри времиња со него и имате почувствувано работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Но сепак, готово е. Ценете ги тие работи какви што навистина се – само добри спомени.

Не секој што ќе го запознаете е оној Вистинскиот. Само затоа што сте биле заљубени „до уши“ во него и сте ја испланирале целата заедничка иднина, не значи дека тој е Вистинскиот. Ќе имате уште многу прилики да се заљубите повторно, па не пропуштајте ги вашите шанси за среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag