Природата ни нуди опасни сојузници во битката со килограмите. Убавото време се ближи, а нашата желба да изгледаме добро станува се поголема.
Чудотворните таблети и чаеви сто пати не изневериле и време е да се соочиме со фактот дека нема скратен пат до совршено тело.
Но сепак од природата има два сојузници кои значително ќе ви помогнат во согорувањето на калории и масно ткиво: Грејпфрут и мед.
Оваа комбинација ќе го забрза процесот на топење на маснотиите.
Состојки:
Еден голем грејпфрут
Мед според вашиот вкус
Подготовка:
Грејпфрутот се сече на пола и со лажица се вади пулпата. Пулпата и медот ставете ги во блендер и измиксајте додека добро не се соедини.
Напомена: Сокот не делува ако веднаш после тоа посегнете по дупла порција брза храна!