Друштвото повторно ви се намалува поради некоја нова омажена пријателка, а вие не само што не помислувате на тоа, туку и ве ежи помислата од се што би требале да се откажете.
Еве ги сите ваши девојачки задоволства на едно место:
1. Немате долгови, од сметки за струја, вода, парно и интернет, а сметката за мобилниот телефон ви е единствената која треба да ја платите вие.
2. Целата плата ви останува да ја трошите на излегување, шопинг, третмани за разубавување, можеби отплаќање на кредит за автомобил и се друго што ви причинува задоволство.
3. Машината за перење не знаете ни како се вклучува, а на рака ги перете само вашите фустанчиња, ниту туѓи кошули, ниту туѓи гаќи.
4. После работа, можете да отидете на пица, а после тоа ако се уште имате енергија и на некое коктелче, без некој накриво да ве погледне кога ќе стигнете доцна дома.
5. Слободно можете да се вратите пијана дома. Брачниот живот не би бил соодветен за голема слобода.
6. Дома ве чека приготвен ручек, а вие готвите само оние денови кога вам ќе ви се пројави желба за тоа.
7. Ретко кога размислувате кој беше бројот на водоинсталатерот за да го повикате да ја поправи пукнатата цевка.
8. Смеете понекогаш во пижами да си дозволите да јадете на кревет, без притоа некому да бидете лош пример, како на вашите дечиња или на сопругот на кој малку му е потребно за да се опушти.
9. Во ред е ако заглавите на Фејсбук до 6 часот наутро и следниот ден после враќањето од работа цел ден го поминете во кревет, никој нема да ви префрли.
10. Секој пат кога сте расположени за излегување можете веднаш да го сторите тоа и да најдете некој за друштво, наместо да изгубите 1 час да го убедувате сопругот дека позабавно е во диско отколку во спортска обложувалница.