Кои се најчестите грешки при изборот на вистинската пудра?

popara1 април, 20161min00
12

Течната пудра е дел од ритуалот на шминкање за повеќето девојки и жени. Кои се најчестите грешки при изборот на вистинската пудра?

Денес на пазарот може да најдете најразлични типови на течна пудра за лице. Скоро секоја жена користи течна пудра во зимскиот период што обично се разликува по формулата од производот што го користите во лето. Течната пудра е основата на шминката и не смеете да си дозволите да направите погрешен избор, не само од естетски, туку и од здравствени причини. Погрешната формула може да ви го оштети лицето и да си направите поголем проблем. Изборот на течна пудра пред сѐ зависи од типот на кожата, но можеме да ве советуваме која пудра дефинитивно не е за вас.

1. Премногу темна нијанса

Жените често одбираат пудра со потемна нијанса од нивниот тен (некои дури и три нијанси потемна!) мислејќи дека така ќе добијат поголема покривност и природно исончан тен. Со ваквата пудра само ќе изгледате вештачки, а во никој случај нема да го добиете оној здрав сјај на кожата. Одберете нијанса што точно одговара на вашиот тен (ако не можете да одлучите сами советувајте се со персоналот во дрогеријата или со професионален шминкер), а за финиш додадете бронзер и руменило со кои ќе го постигнете саканиот ефект.

2. Евтини производи

Не треба да дадете цело богатство за течна пудра, но оние најевтините брендови имаат многу лоша текстура што не само што изгледа лошо на кожата, туку може и да ја иритира. Затоа, не штедете кога станува збор за основата на вашата шминка, секако во рамките на вашиот буџет.

3. Пудра за погрешен тип на кожа

Ова е можеби најважниот дел од изборот на вистинската пудра за вас. Имате комбинирана кожа и ставате пудра од која лицето добива мрсен сјај? Или пак имате сува кожа, но многу сакате мат пудра? Погрешната формула може сериозно да ви ја иритира и измачи кожата, а и лошо изгледа. Советувајте се со професионалец кој е вашиот тип на кожа и купете производ што ви одговара и комбинирајте го со други производи со кои ќе го добиете идеалниот финиш.

4. Ја позајмувате пудрата на пријателката

Нејзе одлично ѝ стои пудрата и вели дека е презадоволна. Но вие имате различен тип на кожа и тен од неа. Логично е да не го позајмувате овој дел од декоративната козметика на пријателката, нели? Кога сме кај позајмување, од здравствени причини не би требало да позајмувате ничија шминка.

5. Дебел слој пудра

Без разлика на формулата, дури и пудрата што е одличен избор за вас нема да изгледа убаво ако ставите дебел слој на лицето. Производот нанесувајте го постепено во мали количини со врвовите на прстите, козметичко сунѓерче или четка. По потреба додавајте пудра во мали количини за да постигнете природен изглед. Помалку значи повеќе.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag