Заменик шерифот на округот Оринџ во САД, Мајк Вигинтон станал хит на интернет откако било објавено видео на кое ја запрел сопругата поради „сообраќаен прекршок“.
Вигинтон ја запрел сопругата поради прекршок кој се однесува на бројот на патници во автомобилот.
„Мора да се шегуваш, што правиш“, го прашала сопругата, инаку сообраќајна полицајка.
Откако Мајк побарал од сопругата да ги покаже документите, таа му дала парче хартија. На хартијата пишувало: „Бебето Вигинтон доаѓа во септември 2016 година“.
Полицискиот пар со ова видео сакал да ги извести пријателите дека стануваат родители.