Поради ерупција на вулкан, евакуирани илјадници во Јапонија

30 јануари, 20110
Japan Volcano

Повеќе од илјада лица се евакуирани од јапонскиот остров Кјушу поради опасност од ерупција на вулканот кој веќе шестти ден исфрла врел пепел. Властите веќе по шестиот ден активност на вулканот наредиле евакуација на граѓаните, соопштува “Ројтерс“. Граѓаните се привремено сместени во локалното училиште. Степенот на подготвеност е подигнат на трето ниво, а опасната зона се протега на радиус од три километри околу вулканот. Граѓаните се загрижени дека поради ерупцијата на вулканот долго време ќе отсуствуваат од работа и ќе бидат далеку од своите домови.
“Дури сега следат вистинските проблеми, многу сум загрижена колку ќе трае сето ова“, изјавила една жена која морала да го напушти својот дом. Никој не е повреден за време на досегашната ерупција на вулканот, но властите објавуваат дека неколку фарми се целосно прикриени со пепел и многу од насадите повеќе не се за употреба.
Две од четири училишта денес одржале настава, но децата биле прикриени со маски и до училиштето биле довезени со автомобил.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi