Еден од најплатените Ди-Џеи заминува во „пензија“ на 27 години!

popara8 април, 20161min00
4

Еден од најплатените Ди-Џеи во светот според листата на „Форбс“, 27-годишниот Швеѓанец Тим Берглинг, познат под уметничкото име Авици, најави повлекување од сцената.

Авици, кој се прослави со мегахитот „Levels“, на својата официјална веб страница објави писмо во кое ги објасни причините за „пензионирањето“.

– Пред две недели бев на патување во САД со пријатели и тогаш сфатив дека морам да направам промени во својот живот, затоа што веќе подолго време се борам сам со себе, вели Авици.

Тој натаму нагласува дека својата кариера никогаш не ја градел поради пари или материјални добра, но сепак е „благодарен за сите можност и задоволства во кои можел да ужива“.

– Им благодарам на сите фанови и на моето семејство, како и на мојот долгогодишен менаџер. Знам дека сум благословен што можам да патувам по светот и да настапувам, но вака имам премалку време за себе и за вистински живот надвор од музиката, наведува 27-годишниот Авици во пораката.

Тој во писмото најавува дека 2016 ќе биде последна година на негови турнеи и настапи.

– Одиме да го направиме тоа на начин на кој ќе се памети, порача Авици до своите обожаватели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag