Англичанката Шерон Катс, и покрај тоа што е на педесет и петгодишна возраст неодамна родила три близначиња, откако поминала третман за вештачко оплодување.
Таа и нејзиното четириесетодишно момче Стјуард заминале во Кипар за процедурата, бидејќи според законите во Велика Британија, таа е престара за вештачко оплодување. Со ова, Катс стана најстарата мајка на тројка во Велика Британија.
Шерон веќе има четири возрасни деца, но сепак сакала уште еднаш да стане мајка и да има заедничко дете со Стјуард.
Близначињата Мејсон, Рајан и Лили се родени со царски рез на 21 март во Нотингем.