61 годишен дедо го воодушеви светот со своите стомачни

popara14 април, 20162min00
79

Еден “дедо” опседнат со фитнес се најде на насловните страни на медиумите во неговата родна Кина, поради неговите импресивни мускули и секојдневни рутини исполнети со многу вежбање.

Лианг Чанг (61) од Ченгду, на југо-западот на Кина, кој има син и внук, успеал да направи извонредни стомачни мускули со секојдневна фитнес рутина.

Неговите напорни не се исклучиво само за да изгледа добро, туку дел од неговиот “голем план” е да стане најстариот кинески возач во светски познатото Дакар рели шоу во Јужна Америка.

Од 2000-та година навака, откако направил доволно пари за да може да се повлече од бизнисот со гума кој сам го основал, тој почнал да се посветува на долги и напорни возења ширум светот.

Меѓутоа, Лианг забележал дека физички не ги издржувал трките, и покрај тоа што бил спортски тип уште од младоста. После советите од неговите пријатели, тој почнал да се занимава со фитнес, а денес изгледа навистина фантастично.

331831d300000578-3535448-image-91460458622524

331831db00000578-3535448-image-31460458521341

3318320300000578-3535448-image-m-81460458597343

3318322800000578-3535448-image-61460458576426