Куќата од соништата со поглед кој го “нуди” морето на дланка

popara16 април, 20162min00
5
Оваа неверојатна куќа е сместена на самиот раб на океанот, минималистички уредена и со поглед кој го “нуди” морето на дланка, се чини дека конечно ја пронајдовме куќата од соништата.

Оваа куќа е плод на соработката на дизајнерот Рис Роберт и архитектонското студио “Steven Harris Arhitects”.

Изградена на работ на океанот на висока карпа, ова е куќа која го одзема здивот. Сместена е во Кабо Сан Лукас и го носи името “Casa Finistera”, а изградена е од камен, стакло, метал и бетон. Оваа куќа е дизајнирана со цел да се вклопи совршено со нејзината околина, а најголемиот адут е секако преубавиот поглед. И ентериерот е уреден во неутрални планетарни бои, како белата и бежот, кои ја разбиваат монотонијата на деталите со темни нијанси. Смирувачки ефект носи и минималистичкиот модерен мебел и ефектните камени ѕидови. Оваа куќа е совршено место за тотално уживање и релаксирање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *