
Мозокот, исто како и телото, треба да се вежба со цел што подобро развивање и усовршување.
Логичките загатки и квизови се забавен начин за тренирање на нашиот мозок и негово одржување во форма.
Многу често ваквите загатки поуспешно ги решаваа децата токму заради тоа што нивните мозоци не размислуваат ограничено и немаат искуства какви што имаат возрасните.
Размрдајте го малку мозокот и обидете се да ги погодите овие интересни загатки кои малите деца ги решаваат за минута.
1. Има многу заби, но не јаде ништо. Што е тоа?

2. Ја фрламе лушпата а го јадеме семето. Што е тоа?

3. Кој може да го зборува секој јазик?

4. Патува низ светот, но секогаш стои на истото место. Што е тоа?

5. Што е високо кога е младо и ниско кога е старо?

6. Каде треба да ја фрлите топката за таа да ви се врати во рацете?

7. Што е тоа што ви припаѓа вам, а го користат другите?

8. Како може еден човек да не спие 8 дена?

9. Што е тоа што оди нагоре и надолу, а секогаш останува на исто место?

10. Има глава, но нема мозок. Што е тоа?

Вашите одговори ги очекуваме во коментари. Среќно!