Kако изгледаат најлуксузните авионски кабини до сега

popara17 април, 20161min00
Kако изгледаат најлуксузните авионски кабини до сега

Компанијата за производство на авиони „Ербас“ претстави нов дизајн на авионските кабини за авиони. Целта на новата линија „Ерспејс“ е да се подобри искуството на патниците на четири начини, преку: удобноста, опкружувањето, услугите и дизајнот.

Новиот дизајн има пастелни бои, топло осветлување, повеќе место за нозете, повеќе простор за багажот и тоалети со „паметна технологија“, кои вклучуваат антибактериски површини, автоматско чистење и релаксирачка музика.

Кабините ќе бидат најтивки досега, а светлото ќе создава пријатна атмосфера за опуштање.

Овој нов модел на кабина ќе го има во авионите на компаниите „Делта“, „Гаруда Индонезија“ и „Ер Азија“, а во комерцијалниот авиосообраќај ќе влезат во 2017 година.

Највозбудливата новост секако ќе бидат екраните на кои патниците ќе може да гледаат филмови со висока резолуција, па дури и во 3Д.

https://www.youtube.com/watch?v=oIweBbFDx4s

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag