Страшен злочин се случил синоќа во Лесковац, Србија околу 15 часот кога маж со автомобил ја прегазил сопругата, по што ја избодел со нож.
Злочинот се случил кога И.Џ. (35) седнал во автомобил после караница со 30-годишната сопруга, по што ја прегазил.
Како што пишуваат српските медиуми, жената здобила два убоди од нож во стомак и еден во врат, а лекарите се борат за нејзиниот живот, додека нејзиниот сопруг е уапсен.