Брутално убиената Јелена Марјановиќ во 2009 година настапуваше на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“ во Јагодина, а ја отпеа емотивната песна од Цеца Ражнатовиќ „Да си некад до бола волео“.
Јелена во тоа време позната по моминското презиме Крсмановиќ се појавила пред директорот на „Гранд“ продукцијата Саша Поповиќ и од тој настап го понесе епитетот наследничката на Цеца.
Имено за нејзината боја на глас велеа дека е идентична со оној на Цеца.
Цеца пак, во неколку наврати од тогаш има изјавено дека единствената која ја гледа како своја наследничка на сцената е токму Јелена, но за жал тоа не се случи.