Темната страна на Зодијакот: Три недостатоци поради кои другите ве мразат

popara19 април, 20161min00
6
Да се познавате себеси со сите свои доблести и недостатоци е знак за зрелост.

Но, малкумина знаат што точно мислат другите за нас и како ги доживуваат нашите особини. Сигурни сме дека ги знаете сите квалитети на вашиот астролошки знак па ви пренесуваме три работи по кои сте озлогласени.

ОВЕН

Вашето мото треба да ви биде реченицата: Веднаш, сега, веднаш. Брзате и нестрпливи сте. Знаете да бидете мноооогу незрели. Ако не е идеја на Овенот, тогаш баш му е гајле на Овенот.

БИК

Посесивни сте и материјалист, т.е. не знаете да делите. Болно сте тврдоглави. Мрзливи сте и хедонист

БЛИЗНАЦИ

Толку сте специфични што соговорниците никогаш не знаат на што се со вас. Сакате да слушате сопствениот глас и постојано да им влегувате на другите во зборовите. Имате толку многу хобија што на крајот не сте посветени на ништо до крај.

РАК

Постојано го менувате расположението. Внимателни сте и плашливи. Пречувствителни сте и тешко некој да знае каква ситница може да ве повреди

ЛАВ

Толку се сакате себеси да едноставно не можете да и одолеете на било која површина која има свој одраз. Ако сакате нешто подготвени сте да направите се за да го добиете тоа. Желбата да бидете во центарот на вниманието може да биде проблематична, бидејќи никој не сака личности кој мисли дека се во центарот на универзумот

ДЕВИЦА

Ги осудувате сите околу вас и луѓето не знаат кога ќе им се замерите Знаете да ситничарите и да им префрлате на луѓето секакви глупост. Можете да бидете крајно песимистични, а во своето негативно расположение да ги вовлечете сите околу себе

ВАГА

Неодлучни сте и вистински пекол е било што да се договори со вас Склони сте да отстапите од сопствените принципи само за да им угодите некои и да подржите мир Вашата фасцинантност од убавината може да значи и дека поминувате ненормално многу време средувајќи се.

ШКОРПИЈА

Злопамтило сте и подготвени да им го загорчите животот доколку некој ве повреди. Вашите манипулаторски вештини можат серозно да нарушат нечие ментално здравје. Вие не сте едноставно во лошо расположение, кај вас тоа е секогаш длабока болка и тага. Поради тоа многу често сте неподносливи.

СТРЕЛЕЦ

Искрени сте до таа мера што звучите како да сакате некој да навредите. Сакате да се правите дека се знаете, и ако не правите нешто возбудливо, најверојатно смртно се досадувате!

ЈАРЕЦ

Толку сте опседнати со контролата што ни вие не разбирате што е опуштање. Подготвени сте да ги искористите другите за своето напредување и тоа без да се двоумите. Сакате да зборувате за негативните работи ид а се храните со негативна енергија.

ВОДОЛИЈА

Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, што едноставно значи дека брзате и ги осудувате другите. Сонувате и живеете во некој ваш свет, па изгледате студено. Секогаш нудите совети, но исто толку често не слушате кога вашиот соговорник ви зборува нешто.

РИБИ

Сакате да им се препуштите на животните околности, па често ви излегува контролата над сопствениот живот. Многу често се затварате во самите себе, па очекувате и од другите да откријат зошто сте тажни. Многу сте наивни.