
За таа цел, соберете го вашиот датум на раѓање со месецот на раѓање, а потоа додадете го универзалниот број за оваа година што се пресметува вака: 2016 = 2 + 0 + 1 + 6 = 9 што значи дека универзалниот број за 2016 година е бројот 9.
Потоа, вкупниот збир треба да се сведе на прост, едноцифрен број. Броевите 11 и 22 се исклучоци, кои треба да останат исти.
Ако сте родени на 11 јуни, вашиот годишен број се пресметува вака:
11 + 6 + 9 (2016) = 26 = 2 + 6 = 8
Значи вашиот годишен број е 8. Прочитајте го толкувањето за тој број.
Но, ако сте родени на 8 декември, тогаш вашиот годишен број ќе биде двоцифрен, односно 11, и тој не се сведува на едноцифрен број.
8 + 12 + 9 = 29 = 2 + 9 = 11
Значи вашиот годишен број е 11. Прочитајте го толкувањето за тој број.
Годишен број 1
Нешто ново започнува, ви се дава голема шанса. Ова е исклучително силна и плодна година. Бидете храбри, снаодливи, не отстапувајте од вашите цели и планови, туку дејствувајте и преземете ризик – ќе бидете многу добро наградени. Бидете верни на себе си, почитувајте ги другите и не отстапувајте од вашиот пат од било каква причина. Не дозволувајте да бидете мрзеливи во текот на годината. Напротив, ова е момент да се засади она што ќе го жнеете во наредните 9 години. Сега е време за некој вид сериозна промена, нешто колосално и нешто што ќе го растресе вашиот свет од корен. Секогаш слушајте го вашиот внатрешен глас и никогаш не верувајте им на другите премногу.
РАБОТА, КАРИЕРА: Поволнo време за какви било промени, унапредувања, колективна активност, стабилност и просперитет. Може да почнете нова работа или бизнис, да спроведете нов проект или нова идеја. Ќе барате поголема автономија и независност во работата.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Може да ги добиете само преку работа и зделки. Долгорочни инвестиции се можни.
ЗДРАВЈЕ: Силна и стабилна енергија. Внимавајте, сепак, на артериите, крвниот притисок, срцето, очите, носот, ушите, јазикот и грлото. Ризик од настинка, синузитис, мигрена.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Склони сте кон диктатура, наредувајќи им на домашните и на партнерот, а заладувајќи ги односите во семејството. Ако сте беќар/мома, ќе имате голема шанса да запознаете нова љубов, но уште од сега почнете да размислувате како да ја зачувате.
Годишен број 2
Оваа година нема да биде ефикасна за вас. Сега е време за семето што сте го засадиле минатата година да ‘рти. Мора да бидете смирени, претпазливи, да размислувате и да внимавате на секој чекор што го правите. Водете сметка при комуникација со другите да бидете љубезни, пријателски и непоткупливи. Умот нека ви биде секогаш вклучен. Оставете го старото знаење настрана и обидете се да научите нешто ново, нешто што ќе ви биде од голема помош при реализирање на целите кога ќе дојде време за тоа. Ќе имате многу шанси за реализирање на вашите желби, но не брзајте, туку чекајте коцките да се наместат сами од себе. Не бидете премногу чувствителни и почитувајте ги луѓето околу вас. Препорачливо е да чекате во текот на оваа година, бидејќи е можен голем чекор наназад во однос на она што сте направиле досега.
РАБОТА, КАРИЕРА: Бидете внимателни, бидете трпеливи. Може да достигнете рамнотежа во вашите активности, но, исто така, може да раскинете договори и зделки. Секакви промени се можни.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Парите ќе дојдат од работа и вашето трпение. Сега е време да штедите. Може да изгубите пари поради преголема доверба. Ќе треба да потрошите пари за подобрување на вашиот животен стил, удобност и ваша безбедност.
ЗДРАВЈЕ: Променливо и нестабилно. Борете се против стрес, паника и грижи. Стомачни проблеми, нерви, бубрези и гениталии.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Врските со жени ќе бидат нешто појасни, но брачното прашање сè уште е колебливо, нерешено. Можно е да имате караници, што може да се претворат во борба. Беќарите/момите може да си најдат сродна душа. Колебливи емоции, чувства и односи.
Годишен број 3
Годината е плодна за вас. Животот ќе ви покаже за што и за кого да бидете среќни. Ќе има многу пријатели околу вас низ целата година; ќе имате мир, радост и оптимизам. Ќе биде добро да си дадете повеќе време за забава и да се посветите на другите. Запомнете дека е секогаш подобро да завршите една работа наместо да започнете повеќе во исто време. Не бидете самоволни и површни. Нешто што сте започнале пред две години, сега може да почне да се исплаќа. Дајте им шанса на вашите роднини да ве сакаат.
РАБОТА, КАРИЕРА: Имате силна енергија и желба за квалитетна работа. Ќе постигнете просперитет и успех во трговија. Сега е време за проширување и за нови инвестиции.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Време е за инвестиции, кредити или да направите капитал.
ЗДРАВЈЕ: Релативно стабилно, но ќе мора да ја контролирате тежината, циркулацијата на крвта, црниот дроб и грлото.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Конечно ќе ја расчистите ситуацијата и проблемите, стабилен период. Ќе запознавате нови и корисни луѓе, ќе флертувате и ќе одите на забави. Вести во врска со идно мајчинството.
Годишен број 4
Ова е година е целосно посветена на работа. Дури и ако сте невработени, сега е време да започнете нешто сериозно. Некои од вас ќе имаат повеќе од една активност. Со цел да го направите тоа на еден успешен начин, не треба да повторувате стари грешки, туку избегнете ги или поправете ги. Не трошете го времето на глупави разговори или планови, не бидете попустливи, ниту, пак премногу критични, туку сериозни и чесно преболете ги вашите слабости и посветете се на целите и желбите. Бидете многу внимателни за вашето здравје, бидејќи тоа може да страда. Секогаш одете на лекар кога е потребно и не двоумете се да ги земете рецептите. Бидете секогаш со здрав ум, трезвени, разумни и решителни во сè што правите и може да добиете и да постигнете многу во текот на годината.
РАБОТА, КАРИЕРА: Следете ги договорите внимателно, бидете доследни и чесни. Ќе имате загуби, кражби, но сето тоа без сериозни последици.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Ќе имате доста нестабилни и проблематични периоди. Ќе ја пропуштите вашата најголема шанса. Неочекувани трошоци и недостаток на тековни финансии. Ќе имате проблеми да си ги вратите парите што сте ги позајмиле.
ЗДРАВЈЕ: Имате недостаток на енергија и многу непријатности. Ви треба добар, долг одмор и здрав начин на живеење. Ќе имате проблеми со коски, зглобови, заби, црева, панкреас.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Ќе имате многу семејни проблеми и тешкотии во личниот живот. Мирот ќе биде само на површината. Бидете внимателни, секаде и со сè.
Годишен број 5
Годинава е добра и плодна за вас. Може и мора да ставите крај на многу работи, но пред тоа, бидете сигурни дека сте ги завршиле сите претходни за да отворите нов пат сега. Оваа година ќе ви донесе напредок. Успесите на работа природно ќе течат и добри материјални добивки и морални награди се можни. Ќе се чувствувате бодро и заштитени од страна на ангел. Мора да организирате патување во странство за да се одделите од секојдневниот живот. Нека има повеќе разноликост околу вас и надевајте се дека ова нема да ве направи нервозни. Не трошете ја енергијата, туку концентрирајте ја. Дејствувајте и преземете ризик, правете многу нешта, особено такви што ќе ви донесат профит. Ако се чувствувате изгубени, измамени, напуштени, осигурете се да ги пребродите овие услови, со цел да не ја пропуштите добрата среќа. Секогаш ќе бидете во можност да го најде вистинскиот пат ако се изгубите.
РАБОТА, КАРИЕРА: Не брзајте во проектите. Можно е да ја промените работата или концепциите, да напредувате или да се образувате. Материјални и финансиски подобрувања и поголема независност.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Кога ќе преземете ризици, бидете сигурни дека тие се добро проценета, не брзајте и не бидете импулсивни. Можни се екстра пари, покачување на плата и друго.
ЗДРАВЈЕ: Добра енергија, но чувајте се од крајности. Проблеми можат да се појават поврзано со гениталии, нервите, белите дробови и дишењето. Можни се мали повреди и траума.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Сосема е можно да планирате промени, нешто ново околу вас. Година на заведување и искушение, љубовни врски и нови пријателства, промени и желби.
Годишен број 6
Годинава ќе биде многу тешка за вас, бидејќи одговорностите и барањата ќе бидат побројни во однос на минатата година. Не очекувајте чуда. Запомнете дека платата и приходите ќе бидат помали од она што сте го планирале. Поголемиот дел од работите што ги правите ќе бидат во застој. Не планирајте големи нешта. Бидете поограничени и обидете се да немате големи недоразбирања и проблеми во домот и со семејството. Годинава е добра за брак и сè што е поврзано со роднините. Ќе барате помош од многу места. Може да сметате на вашите вистински пријатели, но ќе зависи само од вас да ја најдете вистинската љубов. Се препорачува да бидете вредни, чесни и точни во сè, и обидете се да завршите сè што ќе започнете. Не форсирајте ги нештата; сè ќе се случи кога ќе дојде време за тоа.
РАБОТА, КАРИЕРА: Успеси за уметници, за лица со имагинација и капитал. Добри односи со партнери, сега е време за промена во вашата работа.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Трошете за подобрување на вашата удобност, начин на живеење и за работа. Добри резултати од евентуални инвестиции и недвижности. Не заборавајте дека може да најдете пари што ви се потребни само ако ги барате на вистинското место и вистинскиот начин.
ЗДРАВЈЕ: Направете чекор за промена на начинот на живеење. Грижете се за себе; проблеми со срцето и грбот, гинеколошки проблеми.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Промени во вашиот дом или работа, нов дизајн. Можно е да се изолирате самите. Контролирајте ги чувствата, довербата и љубомората. Промени во начинот на живеење. Нова врска.
Годишен број 7
Оваа година во нумеролошки аспект е прилично тешко и неповолна, со многу пречки и проблеми. Не започнувајте ништо ново, не градете и не очекувајте некој сериозен успех во општествената или јавната сфера. Не обврзувајте се на ништо, а особено не на многу луѓе. Не очекувајте никакви подобрувања во вашиот бизнис или работа и надевајте се дека сè ќе остане како што е и дека нема да пропадне. Бидете искрени и отворени барем со себе – проценете ги и анализирајте ги вашите грешки и недостатоци и обидете се да ги надминете. Размислувајте за тековната, но правете планови за следната година. Организирајте ги мислите и чувствата и не треба да жалите за минатото. Не планирајте никакви промени и иновации. Добро време за учење. Може да бидете стабилни во финансиски аспект, доколку не се впуштите во лажни емоции и трошење пари. Мислете на она што е добро за да го задржите и во иднина.
РАБОТА, КАРИЕРА: Често во вашата работа може да бидете песимист. Годинава е добра за кретивност од хуманитарен аспект, за испитувања, пишување, студирање, откривање, туризам, патувања. Не брзајте, повеќе одморајте се.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Овој аспект е нејасен и небезбеден, па бидете внимателни. Вашите очекувања ќе пропаднат и можен е сериозен проблем. Недостаток на заштедени пари и материјални нешта. Можност за неочекувана добивка.
ЗДРАВЈЕ: Слаба енергија, слаба физичка и ментална состојба. Проблеми со крајниците, депресии, анемија, лош метаболизам, лоша нерви. Нестабилност во емотивен аспект.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Време за размислување, неочекувани љубовни состаноци, но без трајни ангажмани. Мало ладење на чувствата со вашиот партнер.
Годишен број 8
Ве чека исклучително силна и плодна година. Токму сега е најдобро време да направите голем чекор напред. Сега ќе успеете да ги видите резултатите од дејствијата од претходните години. Бидете активни, решителни и храбари, работете напорно. Мобилизирајте ја вашата волја, бидете коректни и чесни. Можете да преземете ризици, но не брзајте. Ќе започнете со работа во нови области и ќе имате добри финансиски и материјални добивки. Големи и грандиозни активности чекаат на вас и она што е најважно е дека ќе успеете да ги реализирате истите. Но, бидете фер во сè.
РАБОТА, КАРИЕРА: Ќе има успеси; но, можни се и некои неуспеси. Добар приход, зделки, крај на судски процес, добивање наследство. Оваа година ќе биде за големи промени.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Инвестиции, купување на краток и долг рок, но без ризици. Не купувајте работи за кои мислите дека се само трошење пари.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, но мора да внимавате на физичките активности и вашите зглобови. Избегнувајте екстремни притисоци и патувања.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Конфликт може да доведе до разделба или дефинитивен крај, семејни проблеми. Можна поволна ситуација за евентуална веридба; имајте поголема верба, бидете паметни и размислувајте!
Годишен број 9
Ова е година за ’прилив-одлив’ за вас, па бидете внимателни во сè. Всушност, сега е време за ’чистење’ не само на вашиот дом и работата, туку, исто така, и во личните односи и чувства. Многу пати ќе се соочувате со неочекувани пречки и тешкотии кои доаѓаат од вашето минато, но ако не ги надминете, ќе паднете. Мора да ги завршите активностите и работите што сте ги започнале претходно без компромиси. Не мислете дека сте центарот на светот и не очекувајте сите да ве сакаат. Сега е време да сфатие кои се вашите вистински пријатели и да се ослободите од лажните. Годината 9 е за завршување на стар и отпочнување на нов циклус. Нека главниот водечки збор за вас биде ’љубов’.
РАБОТА, КАРИЕРА: Успеси за ставање крај на нешто или планирање на промена. Сега е време за промена на социјалната или професионалната состојба. Вашите проекти се подготвени за акции. Добри резултати, доколку се со многу луѓе или клиенти. Промена во вашата работа и силни врски со странство.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Доброто и лошото да одат заедно годинава, па зошто ќе имате големи добивки, но, исто така, ќе имате и големи загуби и можен банкрот. Можност за финансиски зделки со странство. Бидете исклучително внимателни и претпазливи.
ЗДРАВЈЕ: Можни различни инфекции, лош метаболизам, депресии, замор, проблеми со крвниот притисок.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Недоразбирања, разделби. Можен состанок со некој од странство, нешто невообичаено за вас. Грижете се за роднините. Можен крај на врска, разделба или развод. Во најдобар случај, може да имате само лоши емоции и тензија.
Годишен број 11
Во текот на оваа година ќе им се подредите на вашите идеали. Сега, всушност, е време за внатрешен раст и промени во вас. Токму сега ќе ги проверувате и одредите вашите принципи и чувства кои ве воделе во вашата работа, бизнис, домот, семејството и во вашите односи. Не грижете се за да започнете рационализација од темел и кога ќе бидете сигурни дека сè е во ред, дека е чесно и коректно, ќе имате добри резултати до крајот на годината. Ако не проверете сè добро, може да не успеете. Успеси за оние кои се во областа на религијата, психологија и окултизмот, па дури и некои би можеле да доживеат духовно просветлување и ова да им го промени животот. Единствени сериозни проблеми би можеле да бидат во домот и семејството.
РАБОТА, КАРИЕРА: Може да имате успех ако ве водат човечки односи со луѓето и вашите партнери. Ако брзате, може да ги изгубите добрите тенденции и да загубите.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Добра финансиска и материјална благосостојба; само ќе треба да направите одредени ограничувања за да избегнете загуби.
ЗДРАВЈЕ: Грижете се за вашите нерви; бидете внимателни со струја и механички работи. Проблеми со чир, колитис, стомак, крвен притисок, срце, очи.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Ќе се посветите повеќе на духовното. Ви претстои просветлување. Проблеми со деца или родители, но без сериозни последици.
Годишен број 22
Вибрациите оваа година ќе се одразат не толку на одредена личност, туку повеќе на целото човештво. Сега вашите соништа ќе се остварат, па затоа работете храбро и користете ги сите ваши можности. Оваа година ќе имате можност да направите нешто поголемо за просперитет на светот, вашата мотивација треба да биде за општ напредок и просперитет не за вас лично; во спротивно, нема да постигнете ништо.
РАБОТА, КАРИЕРА: Прогрес, но само ако е за доброто на многу луѓе, а не за ваше лично.
ФИНАНСИИ, ПАРИ: Доволни да ги задоволат вашите царски потреби.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно; грижете се за грбот, внатрешните органи и екстремитети.
ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО: Ќе направите нешто поголемо и повредно оваа година и тоа ќе ве мотивира и ќе ви даде многу емоционална енергија. Не дозволувајте расправии дома и со вашите партнери. Бидете возвишени, но исто така стојте и цврсто на земјата.