Задолжително заокружете ги следниве датуми: Најсреќните денови во 2016 година за секој знак

popara20 април, 20161min00
12
Земете го годишниот планер и ЗАДОЛЖИТЕЛНО заокружете ги следниве датуми:

ОВЕН

12 април – Голем ден за љубов (благодарение на Венера и Марс)
22 април – Неочекувана романтична средба
24 декември – Неочекувано хармонична промена и спој на старо и ново

БИК

10 мај – Хармонија во љубовта и душата (благодарение на Венера и Јупитер)
26 јуни – Плима на сила, регенерација и оптимизам
3 август – Олеснување и подобрување на односите

БЛИЗНАЦИ

10 септември – Пораст на оптимизмот и сè подобри можности за љубов (Јупитер е ’виновникот’)
10 ноември – Зајакнување на моќта, енергијата и силата во вас
25 декември – Мир и радост во душата и љубовта (благодарение на Венера)

РАК

9 март – Го преиспитувате вашиот став, доаѓате со решенија, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето)
6 јули – Здрав пристап кон љубовта, среќа во истата
24 август – Ден за опуштање и релаксирање, ништо не форсирајте

ЛАВ

20 јули – Ден за стабилна и долготрајна врска, некои одлучуваат за формализација (влијание на Венера и Сатурн)
3 август – Енергијата повторно тече правилно, ви се враќа силата и мирот
14 август – Од денес знаете јасно каде води вашата врска

ДЕВИЦА

9 март – Бидете отворени за другите, тие го имаат главниот збор
27 август – Олеснување, среќа, хармонија по бури; мир, љубов, сè ќе биде во ред
1 септември – Подготвени сте да завршите една фаза и да отворите нова, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето во соѕвездието Девица)

ВАГА

23 март – Одете таму каде што се чувствувате добро, свртете сè на шега и држете се до фактите
10 септември – Радувајте се, почнува вашата среќна година која ја чекате 12 години (Јупитер влегува во соѕвездието Вага)
25 декември – Хармонија, среќа, љубов и мир во душата

ШКОРПИЈА

4 јануари – Ќе ве заплисне бран енергија; тоа ќе потрае неколку месеци
27 јуни – Ден за нежна, искрена, возвишена и ветувачка љубов, како од филмовите (благодарение на планетата Венера)
3 август – Многу сте работеле и направиле, сте се бореле; сега доаѓа опуштање и и смиреност (Марс излегува од соѕвездието Шкорпија)

СТРЕЛЕЦ

14 август – После длабоките и зрелите преиспитувања, конечно знаете што треба да правите
24 август – Ден за храбрите. Може ридови да превртите, подготвени сте да одите на сè или ништо, но не правете ништо доколку сметате дека е на сила (конјукција на Марс и Сатурн во Стрелец – се случува еднаш во 30 години во истиот знак)
30 октомври – Ден за долготрајна љубов (заблагодарете ὺ се на Венера)

ЈАРЕЦ

3 февруари – Ден за длабока, фатална, судбоносна љубов или средба, на која ќе бидете особено привлечни
10 мај – Хармонија, мир, среќа и исполнетост во душата
28 септември – Се чувствувате како да имате енергија за двајца (Марс влегува во соѕвездието Јарец)

ВОДОЛИЈА

7 март – Плимата од емоции расте во вас, блескате (спој на Месечината и Венера)
2 декември – Полн погодок во реализација на вашите замисли и идеали во пракса
24 декември – Пресреќни сте меѓу луѓето, бидејки ги поврзувате старите и младите, новите и старите пријатели (благодарение на Уран и Сатурн)

РИБИ

9 март – Чувствувате дека некои работи одат кон својот неизбежен крај и дека следува нешто сосема ново; промената е тука, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето во Риби)
20 март – Магичен ден за љубов којшто ќе ви остане во сеќавањата до крајот на животот
16 септември – Немојте да се испијаните; фантазирајте и уживајте, креирајте, но останете со еден дел на земјата (затемнување на Месечината во Риби)