Јак имунитет – Тоа е отпорноста на организмот да се пребори со различни болести. Иако во нашите апотеки секојдневно се нудат се повеќе препарати за зајакнување на имунитетот – народните лекови не ја губат својата популарност и влијание на овие простори.
Тоа е разбирливо бидејќи ни еден синтетски производ од апотека не може да се спореди со природните производи кои се лесно достапни и многу поефикасни за лечење на сите болести.
Имајќи една ваква “тегла со витамини“ – ќе ја задоволите не само детската потреба за благо туку и ќе го зајакнете имунитетот на целото семејство. Ви нудиме две рецепти за зајакнување на имунитетот. Двете се врвни – и испробани. На вас е да изберете.
Прв рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни:
Потребно е:
- 100 гр суво грозје
- 150 гр ореви
- 100 гр бадеми
- Кора од 2 лимони
- 100 гр суви кајсии
- 100 гр суви сливи
- 300 гр мед
Во машина за мелење месо се мели сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони, чија кора претходно сте ја употребиле. Измешајте. Понатаму, додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Измешајте. На крај се додава медот и повторно се меша. Оставете да отстои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – 1 лажица 2 пати дневно
За возрасни: 1-2 лажици 3 пати дневно
Втор рецепт за зајакнување на имунитетот за возрасни
Состојки:
- 200 гр суви кајсии
- 200 гр суви сливи
- 200 гр суви смокви
- 200 гр ореви
- 1 лимон
- 50 мл ракија
- 250 гр мед
Сувото овошје и лимонот заедно со кората се мелат во машина за мелење месо. Во смесата додадете ги и медот и ракијата и измешајте. Теглата со смесата се чува во фрижидер. Конзумирајте по една супена лажица пред оброк.
Бидете здрави!